Една од последните објави на починатиот д-р Трајче Нешковски: „Соба број 6 вечно ќе ја паметам, но и ентузијазмот и храброста на дедо Живко“

Точка

15/10/2020

09:56

15.269

Големина на фонт

а а а

Пулмологот Трајче Нешковски (32) починал вчера попладне откако му се слошило и со автомобилот удрил прво во друго возило во движење, а потоа и во дрво на улицата Рузвелтова во Скопје.

По сообраќајната несреќа, тој со Брза помош бил пренесен на Ургентен центар, но докторите не успеале да му го спасат животот.

Откако веста одекна во медиумите, неговите пријатели, соработници и членови на владеачката СДСМ со неверување се простуваат од Нешковски.

Утрово актуелна е една од неговите последни објави, во која зборува за искуството во ковид-центарот.

Дедо Живко ми го исполни срцето, но и докажа дека со дисциплина и многу верба, Ковид - 19 го победуваат и повозрасните...

Posted by Trajce Neskovski on Среда, 22 јули 2020

„Дедо Живко ми го исполни срцето, но и докажа дека со дисциплина и многу верба, Ковид - 19 го победуваат и повозрасните сограѓани. ♥️ Искрено, тој е мојот мотив и сила овие денови. Овие примери се мотивирачки за сите здравствени работници. Соба број 6 вечно ќе ја паметам, но и ентузијазмот и храброста на дедо Живко. Човек, кој во поодминати години ни покажа дека животот е еден и вреди подеднакво за сите. Затоа со УМ, со маска, дистанца и дезинфекција. Голема благодарност до целиот тим на Ковид центарот во Козле. Веќе не сме колеги, туку едно големо семејство, кое споделуваа работни обврски, разочарувања, но и вакви убави моменти“, напишал тој на 22-ри јули, среде кризата со коронавирусот.  

Докторот неуморно работеше во ковид-центарот во скопско Козле, за што сведочат и неговите објави на социјалните мрежи за време на самиот почеток на корона-кризата.