Мијалков позитивен на Ковид-19, заедно со сопругата одат во изолација

Точка

14/10/2020

17:02

3.205

Големина на фонт

а а а

„А1он“ дознава дека поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков е позитивен на коронавирусот.

Утрово информиравме дека Сашо Мијалков не се појавил на судењето за случајот „Таргет Тврдина“, бидејќи развил симптоми на коронавирус.

„Вчера доцна бев известен од Сашо Мијалков, дека неговата сопруга Александра Мијалкова е позитивна на тестот на коронавирус. Истовремено од негова страна ми беше посочено дека и тој има покачена температура и сува кашлица и денеска попладне ќе прави тест“, изјавил адвокатот на Мијалков, Љупчо Шврговски.

Тој бил на преглед во Градската болница „8 септември“, а се пожалил на покачена температура, изнемоштеност и сува кашлица. По извршените прегледи тој бил пуштен дома. Наредните дваесетина дена тој и неговата сопруга Александра Мијалкова, која е исто позитивна на коронавирусот, ќе ги поминат во изолација., пренесува „А1он“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг