„CNN“ за Трамп: Одбивал да оди во болница, а имал висока телесна температура и загрижувачки ниско ниво на кислород

Точка

04/10/2020

16:35

4.626

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател на САД, Доналд Трамп, денеска објави ново видео на социјалната мрежа Твитер, во кое што изјави дека не се чувствувал добро кога стигнал во болницата „Валтер Рид“, но дека сега е добро и дека следните неколку денови ќе бидат клучни за неговото закрепнување.

Контрадикторни пораки

Тимот доктори од Белата куќа во саботата наутро изјавил дека состојбата на Трамп се поправа и дека тој веќе размислува за враќањето во својата канцеларија.

Неколку минути подоцна, претставникот од канцеларијата на Белата куќа, Марк Медоуз, на новинарите им изнел не толку многу оптимистичка проценка, истакнувајќи дека „претседателските витални показатели во текот на изминатите 24 часа биле многу загрижувачки и дека наредните 48 часа ќе бидат клучни“.

Уште еден извор кој што бил запознат со состојбата на Трамп, изјавил дека претседателот пред заминување во болница бил приклучен на кислородна поддршка. Од истиот извор се дознава дека одлуката Трамп да биде хоспитализиран била донесена откако тој почувствувал потешкотии во дишењето и дека му паднало нивото на кислород.

Трамп не сакал да биде хоспитализиран во болница

Трамп со хеликоптер беше пренесен од Белата куќа во „Валтер Рид“, недалеку од Вашингтон, по околу 17 часа откако објави дека е позитивен на Ковид-19.

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Ексклузива од воената болница „Валтер Рид“: Белата куќа објави фотографија од Трамп – еве како изгледа и што прави

Неговата администрација потегот го опишала како „превентивна мерка“ и кажале дека претседателот само неколку денови ќе биде задржан во болница.

„CNN“ јавува дека Трамп во петокот не сакал да оди во болница иако имал симптоми на Ковид-19 кои што вклучувале зголемена телесна температура и отежнато дишење.

Соработникот на Трамп, Марк Медоуз, денеска на социјалната мрежа Твитер објавил дека Трамп во петокот имал многу ниско ниво на кислород и дека докторите биле многу загрижени.

Тој исто така потврдил дека Трамп имал зголемена телесна температура, а три извори за „Vanity Fair“ изјавиле дека имал температура 39,4. Истите извори потврдиле дека Трамп имал и забрзана работа на срцето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг