Ексклузива од воената болница „Валтер Рид“: Белата куќа објави фотографија од Трамп – еве како изгледа и што прави

Точка

04/10/2020

11:05

8.907

Големина на фонт

а а а

Белата куќа објави фотографија на која што се гледа како претседателот Доналд Трамп работи од Националниот воен медицински центар „Валтер Рид“ во Мериленд, каде што беше сместен во петокот поради инфекцијата коронавирус.

На една од фотографиите се гледа како Трамп седи на истата маса каде што седеше кога ја сними видео пораката во која што изјави дека се чувствува добро и дека медицинскиот тим за него одлично се грижи.

„CNN“ пренесува дека докторот на Трамп, Шон Конли, изјавил дека претседателот постигнал одличен напредок во врска со Ковид-19.




Спонзорирани линкови

Маркетинг