Источна Европа бележи нови рекордни бројки на новозаразените со коронавирусиот

Нетпрес

03/10/2020

13:53

1.948

Големина на фонт

а а а

Во најнаселените земји од источна Европа, Украина и Полска, во саботата се забележани најголемите дневни бројки на новозаразените од коронавирусот од почетокот на епидемијата, додека во Русија бројот на новите случаи изнесува речиси 10.000, како и во времето на најголемата криза кон средината на мај.

Русија во саботата пријави 9,559 нови случаи на коронаинфекција, што е најголем дневен број на новозаразените од 15-ти мај, кога беше пикот на заразата, а денеска дневнито раст изнесувал 0,8 отсто. Рускиот кризен цента за коронавирус објави и дека во последните 24 часа се потврдени 174 смртни како последица од компликациите предизвикани од Covid-19, со што смртните случаи во земјата пораснала на 21.251 лице, а вкупно се заразени 1.204.502 лица, во популацијата од 144,5 милиони.

Потпретседателката на руската влада Татјана Голикова во петокот предупреди на „сериозен раст“ на случаите на коронавирусот во земјатам, но гарантираше дека здравствените власти се подготвени да се соочат со тоа.

Украина со своите 42 милиони жители во саботата пријави 4.661 нов случај на заболени од коронавирусот, што е дневен рекорд во бројот на заразените кој брзо расте од крајот на септември. Украинските здравствени власти пријавија над 222.000 случаи на коронавурост од почетокот на епидемијата. Во саботата се потврдени и 92 нови смртни исходи, со што вкупниот број почината се искачи на 4.353 лица.

Полска го пријави засега најголемиот дневен раст на бројот на заразените од 2.637 случаи, соопшти министерството за здравство, што е трет ден со ред бројот на заразените да достигне толку високо ниво.

Во Полска, исто така, пријавени се 34 смртни случаи поврзани со Covid-19. Во популацијата од 38 милиони население, вкупно се пријавени 98.104 случаи на заразата и 2.604 смртни исходи.

Рекордни дневни зголемувања на новозаразените од почетокот на епидемијата забележани беа деновиве и во Словачка и во Чешка.

Чешка потврди во петокот 3.493 нови случаи на коронавирусот, најголем број од избувнувањето на епидемијата во оваа земја во март, а во саботата нов рекорден показател од 3.793 со што бројот на заразените е 78.051 пациенти. Земјата со 10,7 милиони жители пријави во саботата и 12 нови смртни случаи, па сега вкупниот број починати од Covid-19 е 699 луѓе.

Словачка во средата со 797 новозаразени го достигна рекордниот показател на дневно ниво, а во саботата прајави 704 случаи и ниеден смртен исход. Земјата со 5,5 милиони жители од почетокот на епидемијата бележи вкупно 12.321 случај на заразата и само 54 смртни исходи.