Џентлменски потег на Бајден: Нема да емитува спотови против Трамп, ги повика Американците да се обединат!

Точка

03/10/2020

11:45

1.827

Големина на фонт

а а а

Демократскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден изрази сочувство до претседателот Трамп кој е префрлен во болница откако беше потврдено дека е заразен со коронавирус.

Набрзо откако од Белата куќа беше соопштено дека Трамп ќе помине „неколку дена“ во воената болница „Волтер Рид“, Бајден изјави дека Американците „мора да се обединат“.

Кандидатот на Демократите за претседател на САД порача дека дијагнозата на Трамп е потсетник на светската здравствена криза во која неговата земја е посебно погодена, како и тоа дека вирусот сите мора да го сфатат сериозно.

Џо Бајден меѓу другото порача дека ќе престане да ги емитува рекламните спротови против Трамп во кои се критикува неговиот одговор на пандемијата на коронавирусот.

САД се наоѓаат на првото место во светот по бројот на заразени и починати како последица на Ковид-19. Според последните податоци на “Worldometers”, во оваа земја се потврдени над 7,5 милиони случаи на коронавирусот, додека како последица на вирусот починаа над 213 илјади луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг