Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека вооружените сили на земјата зазеле нови упоришта на контакт линијата во Нагорно-Карабах, а ерменската страна претрпела големи загуби.
Како што соопштија од азербејџанското Министерство за одбрана, како резултат на преземените мерки, непријателот „претрпел големи загуби во воена техника и војници“. Од таму објавија и видео на кое наводно се прикажува уништувањето на ерменските војници и воена техника.
Лидерите на САД, Франција и Русија ги повикаа Ерменија и Азербејџан веднаш да ги прекинат судирите и да започнат преговори за решавање на ситуацијата во Нагорно-Карабах.