Беше фрустрирачки: Водителот на првата дебата го обвинил Трамп за хаосот на соочувањето со Бајден

Точка

02/10/2020

18:34

1.791

Големина на фонт

а а а

Крис Валас, новинарот на "Fox News", кој бил водител во текот на хаотичната дебата на претседателот Доналд Трамп и неговиот противкандидат Џо Бајден, го обвинил шефот на Белата куќа, за тоа што ова предизборно соочување прераснало во хаос.

Валас во едно интервју во четвртокот рекол дека мисли дека "Трамп" "сноси главна одговорност за тоа што се случило". 

"Јас го испеков овој прекрасен и вкусен колач, а потоа претседателот го згази", рекол тој.

Истакнува и дека тоа за него било фрустрирачко, пренесува "CNN".

"Беше фрустрирачко затоа што напорно се трудев да се подготвам за сериозна дебата, а уште пофрустрирачко за американските граѓани затоа што не добија дебата каква што заслужуваат", објаснил тој.

Валас, кој рекол дека сакал порано да се вмеша во дебатата која ја гледале 65 милиони Американци, ја опишал пропуштената можност како "загуба за земјата".

На прашањето дали повторно ја гледал дебатата, одговорил: "Ох, не. Ох, по ѓаволите, не. Тоа не е нешто што би сакал повторно да го гледам".

Американската Комисија за претседателски дебати соопштила дека ќе вовед нови алати за да се воведе ред на наредната дебата на Трамп и Бајден, откако првата минала во лоша атмосфера со многу обвиненија и упаѓање во збор. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг