Истакнатиот австралиски експерт за коронавирусот, доктор Норман Свон се огласи по повод веста дека Доналд Трамп има Ковид-19 со проценка на фактор ризикот имајќи ги ја во предвид возраста и здравствената слика на американскиот претседател.
Познатиот доктор кого го нарекуваат „австралискиот доктор Фаучи“, вели дека стапката на смртност кај возраста на Доналд Трамп (74 години) се движи од 5% до 12%.
Меѓутоа, Свон додава дека вишокот на килограми кај Трамп го зголемува ризикот за дополнителни 40%, па во една таква ситуација, ризикот од смртен исход изнесува од 7% до 18%, пренесува британски „Гардијан“.
Here’s official notification from Trump’s physician on the president’s positive covid test. pic.twitter.com/3sO4DOizLE
— Andrew deGrandpre (@adegrandpre) October 2, 2020
Докторот на американскиот претседател во Белата куќа, Шон Конли изјави денес дека Трамп ќе продолжи да ги врши должностите без никакви попречувања, како и тоа дека Доналд и Меланија се чувствуваат добро.
Да потсетиме, денес американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија потврдија дека се позитивни на коронавирус, откако присуството на вирусот било потврдено кај една од нивните најблиски соработнички, Хоуп Хикс.