Русите со порака до Трамп: Можеме да помогнеме, имаме вакцина

Точка

02/10/2020

12:01

3.073

Големина на фонт

а а а

Рускиот институт „Гамалеј“ кој ја регистрираше првата вакцина против коронавирусот му порача на американскиот претседател Доналд Трамп дека се подготвени да му понудат помош.

Имено, Трамп денес соопшти дека тој и неговата сопруга Меланија се позитивни на коронавирусот. И додека целиот свет е во трка да му посака брзо опоравување на Трамп, Русите тврдат дека се единствените кои можат да му помогнат.

„Мислам дека, ако официјално ѝ се обратат на руската власт, ние можеме да му помогнеме“, соопшти директорот на институтот Александар Гинтсбург.


Тој предложи целата администрација на Трамп да ја прими руската вакцина.

„Мислам дека тоа сепак ќе го решат со својот претседател. Би било убаво, кога веќе зборуваме за тоа, тие да се вакцинираат со руската вакцина“, изјави Гинтсбург.



Спонзорирани линкови

Маркетинг