Во Хрватска 333 нови случаи на коронавирус

Макфакс

02/10/2020

11:01

937

Големина на фонт

а а а

Нови 333 случаи на коронавирус се регистрирани во Хрватска во последните 24 часа, седум лица починале, а бројот на активни случаи е 1.446, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Меѓу активните случаи, 286 пациенти се во болница, од кои 23 се на апарати за дишење.

Тестирани се 4.793 лица во последните 24 часа, а 205 лица оздравеле. Во моментов 8.266 се во самоизолација.

Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај во Хрватска, регистрирани се 17.160 лица со коронавирус, од кои 291 починале, а 15.423 оздравеле.

До денес се тестирани вкупно 317.199 лица.