Одлука за екстрадиција на Асанж на 4 јануари

Макфакс

01/10/2020

20:12

513

Големина на фонт

а а а

Одлуката за екстрадиција на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, во САД ќе биде донесена на 4 јануари следната година. Тоа е одлучено во продолжението на судењето во лондонскиот суд, каде е завршено изнесувањето докази.

Како што пренесува британскиот портал „Експрешанстар“, Асанж ќе помине Божик зад решетки во затворот Белмарш, каде што престојува веќе 16 месеци.

Сослушувањето пред лондонскиот суд траеше четири недели.

САД го бараат Асанж поради истекување на илјадници доверливи документи за воени злосторства на САД во Ирак, Авганистан и Гвантанамо.

За време на сослушувањето, одбраната на Асанж со десетина сведоци се обидела да ја одложи екстрадицијата во САД, каде што му се заканува доживотна казна затвор.




Спонзорирани линкови

Маркетинг