Новите меѓународни играчи на Западен Балкан се предизвик за ЕУ

Точка

01/10/2020

19:06

1.293

Големина на фонт

а а а

Европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархеји денес рекол дека засиленото присуство на "меѓународните играчи" на Западен Бакан е предизвик за Европската унија поради кој ЕУ ќе мора да ја разгледа својата улога во новото окружување.

"Со оглед на инвестициските потреби на регионот не изненадува се поистакнатото присуство на разни меѓународни играчи преку инвестиции, посебно во енергетиката и транспортот. Не смее да се потцени ризикот од тоа на подолги патеки. Нашата одговорност е да ја согледаме нашата улога во новото окружение", рекол Вархеји на "Форумот за поврзување" во Тирана. 

Додал дека подоброто поврзување на државите од Западен Балкан со ЕУ е "клуч на растот" и носи јасна корист на економијата во регионот и граѓаните.

"Од 90-тите години ЕУ го поддржува западен Балкан да ја изгради и модернизира енергетската и транспортната инфраструктура. До денес обезбедивме повеќе од 11 милијарди евра во грантови на Европската комисија и заеми од Европската инвестициска банка", навел комесарот.

Најавил дека Европската комисија во октомври ќе донесе Економски и инвестициски план за Западен Балкан кој ќе го поддржи долгорочното социјално-економски закрепнување на тој регион и неговата "економска конвергенција" со ЕУ.

"На Западен Балкан му е потребно стратешко и селектирано инвестирање во областите кои ќе овозможат развој на економијата на одржлив начин и зголемување на конвергенцијата со ЕУ наредните години", рекол Вархеји.

Фокусот ќе биде на транспортот и енергетското поврзување и унапредувањето на инфраструктурата клучна за економски развој.

Додал дека целта на ЕУ е да ја зголеми конкурентноста во регионот, во што активна улога мора да имаат и владите на земјите од Западен Балкан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг