Синот на ерменскиот премиер оди во војна! Мајка му го испратила со зборовите: Нема ништо поблагородно од тоа да загинеш за татковината

Точка

01/10/2020

18:02

13.711

Големина на фонт

а а а

Сопругата на премиерот на Ерменија, Ана Хакобиан, рекла дека нема ништо поплеменито од тоа да се даде животот за татковината. Тоа го кажала во разговор со жените пратенички од Нагорно-Карабах, каде отишла на 27-ми септември.

Ерменскиот народ се наоѓа пред историска пресвртница за ерменскиот народ, и ние можеме да се потпреме само на себе, нагласила таа. Ана Хакобиан ги повикала сите мајки и жени, ќерки и сестри да бидат силни и да не се плашат од ништо, пишува "Sputnik". 

Пред патот во Карабах, сопругот Никол Пашинјан и кажал дека нивниот единствен син Ашот оди во Карабах, бидејќи е резервист. Ашот ги подготвил документите, а неговата мајка не го сопрела, напротив.

"Му кажав: "Да сине, облечи униформа и оди. Јас те обожувам, но нема ништо поплеменито од тоа да се даде животот за татковината". Не знаев каква ќе биде ситуацијата таму, дали ќе може да се слушнеме. Тој отиде ден подоцна, но јас и натаму стојам зад своите зборови", напишала Хакобиан на Фејсбук.

Ситуацијата во Нагорно-Карабах ескалирала кон крајот на минатата недела. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за иницирање на судирите. Министерството за одбрана на Азербејџан на 27-ми септември соопштило дека Вооружените сили на Ерменија гарантирале места на линијата на разграничување во Карабах и дека меѓу жртвите има цивили и војници. Според изјавите на Министерството за одбрана на Ерменија, Карабах бил под воздушни и ракетни напади. Ереван тврдел дека Баку започнал офанзива во насока на Карабах.

Во непризнатата република Нагорно-Карабах соопштиле дека неколку места, вклучувајќи го и главниот град Степанекерт, се под артилериски оган. Властите го повикале населението да се сокрие, а подоцна прогласиле и вонредна состојба и и мобилизација во Карабах.

Ерменија исто така прогласила воена состојба и објавила општа мобилизација. Претседателот на Азербејџан одобрил воведување на воена состојба во бројни градови и полициски час во земјата, а исто така објавил и делумна мобилизација.




Спонзорирани линкови

Маркетинг