Асад има само пофални зборови за руската армија: Тоа се професионалци во вистинска смисла на зборот

Точка

01/10/2020

16:06

548

Големина на фонт

а а а

Сирискиот претседател Башар Ал Асад ја нагласи големата професионалност на руската армија во интервјуто за руската телевизија „Звезда“.

„Нема сомнеж дека руската армија е технички одично опремена. Тоа можеше да се забележи во текот на војната. Тоа е професионална армија во вистинска смисла на зборот, способна точно да ги дефинира целите и начините за нивно постигнување. Би сакал да додадам дека руските војници со кои директно комунициравме на сите нивоа, работеа без прекин“, изјави претседателот на Сирија.

„Пилотите првите прелети ги вршеа во три наутро, дури пред изгрејсонце, а завршуваа со работа после полноќ. Немаа време за одмор. Секако, не можеме да не потсетиме дека руската армија претрпи загуби во Сирија“, истакна Асад.

Според зборовите на сирискиот лидер, Министерството за одбрана на Русија влева голема доверба.

„Што се однесува до Министерството за одбрана, ова е еден вид штит под чие покритие се одвиваат акциите на теренот кои имаат воен и политички карактер. Оваа институција влева голема доверба без која заедничките сили на нашите војски тешко дека ќе можеа да ги извршуваат воените задачи“, изјави сирискиот претседател.



Спонзорирани линкови

Маркетинг