Кремљ одговорил на обвиненијата на Навални: "Тој е човек на ЦИА, повеќе пати му даваа инструкции"

Точка

01/10/2020

14:35

544

Големина на фонт

а а а

Обвиненијата против рускиот претседател Владимир Путин, кои ги изрекол Навални, се неточно, навредливи и неприфатливи, велат од Кремљ.

Москва неколку пати нагласила дека на Берлин му недостасуваат докази да ги поткрепи своите наводи дека нервен агенс од групата "Новичок" е пронајден во крвта на рускиот опозиционер Алексеј Навални. 

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денеска рекол дека Москва има информации дека Алексеј Навални соработува со ЦИА. Оваа бомбастична изјава дошла еден час откако Навални, кој моментално се наоѓа во Германија, рекол дека зад неговото труење стои Владимир Путин.

"Ова не е пациент кој работи со западните специјални служби - тоа се западни специјални служби кои работат со него, да прецизираме. Да, имаме такви информации, дури и можам да бидам попрецизен: службениците на ЦИА работат со него и денес. Не е прв пат да добива различни упатства", им рекол Песков на новинарите, запрашан да прокоментира на овој случај.

Портпаролот исто така истакнал дека обвиненијата против рускиот претседател се апсолутно неточни, навредливи и неприфатливи.

"Сметаме дека таквите обвиненија на сметка на рускиот претседател се апсолутно неточни и неприфатливи. Некои од изјавите во споменатата статија ги сметаме за навредливи, крајно навредливи. Сакаме да го истражиме случајот со берлинскиот пациент и да утврдиме што се случило. За да го направиме тоа, податоците мораме да ги добиеме од оние кои ги правеле анализите", рекол Песков.

На прашањето дали е Путин вмешан во спасувањето на животот на Навални, Песков рекол дека тоа не може да го потврди.

"Со сигурност знам дека полицијата во Омск била вмешана во спасувањето на животот на рускиот опозиционер", заклучил Песков.




Спонзорирани линкови

Маркетинг