Еден од најскапите градови на светот воведува "минималец": Коронавирусот ги погоди Швајцарците

Точка

01/10/2020

14:13

752

Големина на фонт

а а а

Женева ќе воведе минимална заработка од 4.086 швајцарски франци месечно, за која се наведува дека е највисока на сетот.

Околу 500.000 гласачи на тој кантон ја одобриле минималната заработка која ја предложиле локалниот синдикат и ливичарската партија, откако два пати ја отфрлале во 2011-та и 2014-та година, пренесува "Guardian". 

Минималната исплата по работен час е 23 швајцарски франци, двојно повеќе отколку во соседна Франција, со загарантирана минимална месечна заработка од 4.086 швајцарски франци на основа на работна недела од 41 час, или 49.000 швајцарски франци годишно во еден од најскапите градови за живот во светот.

Телевизија "France 3" известила дека таа мерка уследила откако швајцарскиот град, чија економија зависи од туристичките и деловните посетители, е посебно погоден од епидемијата на Ковид-19, а редовите пред банките за храна се се поголеми.

Мишел Шара, претседателот на организацијата "GTE" го опишал резултатот од гласањето како знак на солидарност со сиромашните во градот.

"Ковид-19 покажа дека одреден дел од швајцарската популација не може да живее во Женева...4.000 швајцарски франци е минимумот за да не паднете под границата на сиромаштијата и да не се најдете во многу тешка ситуација", рекол Шара.

Тој додал дека од тие мерки корист ќе имаат околу 30.000 слабо платени работници, од кои две третини се жени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг