Зомбијата од Студената војна пристигнуваат во Black Ops Cold War

Точка

01/10/2020

13:40

856

Големина на фонт

а а а

Како што Activision неодамна и најави, Zombies Mode пристигнува во новата Call of Duty: Black Ops Cold War.

Зомбијата се присутни во Call of Duty видео игрите уште од World at War од 2008-ма година, а оваа година ќе продолжи еволуцијата на гејминг искуството на борба против „живите мртовци“, додека целта останува иста - да се остане жив.

Борбите ќе се водат во напуштени воени простории, бази, лаборатории и бункери од периодот на Студената војна, а на објавеното видео може да се видат и дел од оружјата кои играчите ќе ги имаат на располагање.

Call of Duty: Black Ops Cold War пристигнува на 13-ти ноември и ќе може да се игра на PC, PS4, PS5, Xbox One и Xbox Series X/S.



Спонзорирани линкови

Маркетинг