Невозможна мисија за Јунајтед: Дарен Флечер ја подбра управата и побара уште засилувања за Солскјер

Дерби

01/10/2020

12:32

948

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед во овој преоден рок успеа да го ангажира само Дони ван де Бек од Ајакс, а обидите за ангажман на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд засега се неуспешни.

По вчерашниот натпревар против Брајтон, поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Дарен Флечер истакна дека управата мора да го поддржи Оле Гунар Солскјер и да му обезбеди од три до пет засилувања до крајот на преодниот рок.

Ова всушност би била невозможна мисија за управата затоа што во досегашниот дел од трансфер пазарот кој трае веќе три месеци Јунајтед успеа да доведе само еден играч.

– Поради работата која ја сработи Оле откако дојде во тимот покажува дека тој заслужува да ги добие играчите кои ги сака.

– Тој мора да го направи тоа поради него затоа што на крајот на сезоната тој ќе биде суден за резултатите. На Манчестер Јунајтед им требаат три до пет нови фудбалери, управата мора да го поддржи и да му помогне, -изјави Флечер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг