Џенова ги потврди имињата на фудбалерите кои се позитивни на КОВИД-19

Дерби

01/10/2020

12:29

846

Големина на фонт

а а а

Клубот на нашиот Горан Пандев, Џенова, се најде во навистина тешка ситуација откако дури 11 членови на првиот тим се позитивни на коронавирусот.

Откако првично Матија Перин и Ласе Шене беа ставени во изолација, по натпреварот со Наполи бројката нарасна експресно, а позитивни се и неколку други членови на клубот.

Пандев не е меѓу заразените со коронавирусот, а покрај Перин и Шене, во изолација се Пјаца, Радовановиќ, Ѕапакоста, Касата, Лерагер, Маркети, Мелегони, Пелегрини и Бехрами.

Позитивна вест стигна од Неапол каде тестовите на сите играчи на Наполи биле негативни, што е мало олеснување за тимот на Елиф Елмас, кој играше против Џенова во неделата.

Сепак, поради различниот период на инкубација на вирусот, во Наполи утре ќе бидат направени нови тестови и тоа пред патувањето на екипата во Торино каде се среќава со Јувентус.