СДСМ: Антикризните мерки обезбедуваат 44 милиони денари за надомест за сместување и превоз на студенти и средношколци

Макфакс

01/10/2020

09:00

448

Големина на фонт

а а а

Антикризните мерки на Владата предводена од СДСМ обезбедуваат 44 милиони денари за надомест за сместување и превоз на студенти и средношколци, соопштија од владејачката партија.

„Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, останува на страната на младите и обезбедува помош за студентите и средношколците погодени со здравствената и економска криза предизвиканата од пандемијата со коронавурисот. Со четвртиот пакет антикризни мерки се обезбедени 44 милиони денари, за поддшка за сместување или превоз на 884 студенти и 347 ученици, кои нема да можат да се сместат во студентските и ученичките домови“, се вели во соопштението.

Заради намалениот капацитет во домовите, додаваат од СДСМ, кои ќе функционираат според строго утврдени протоколи со цел да се заштити јавното здравје, оние студенти и средношколци чии барања биле одобрени, а не можат да бидат сместени, ќе имаат можност да одберат месечен надомест за покривање на трошоците за приватно сместување или пак, да одберат надомест на трошоците за превоз од местото на живеење до местото на студирање.

Истовремено, велат од СДСМ, платежни картички „Купувам домашно“ од по 6.000 денари ќе добијат 540 студенти, кои во претходниот пакет не ги добија овие картички.