Австралиска компанија развива тест за ковид-19 - на основа на пекарски квасец

Точка

30/09/2020

17:01

604

Големина на фонт

а а а

Австралиските научници развиваат тест кој за 15 минути треба да дијагностицира ковид-19, а клучната состојка на новата технологија е пекарски квасец.

Биотехнолошката компанија "Xing Technologies" од владата на Квинсленд добила 1,5 милиони австралиски долари за финансирање на проектот "XavTrap", кој научниците го претставиле во средата и објасниле дека би требало да функционира слично како тестот за бременост. 

Неколку капки од посебната течност се ставаат на стапче за земање на брис од нос, кој потоа се става на лента, па во рок од 15 минути се добиваат резултати, објаснил лидерот на проектот, Јадвеер Гревал.

Квасецот е обложен со честички кои може да го детектираат вирусот.

Квасецот се комбинира со технологија слична на онаа што се користи во тестовите за бременост.

"Другите тестови кои може да се најдат на пазарот се одлични, но не можат да разликуваат жив од мртов вирус", објаснува Гревал.

Евтиниот и брз тест би можел да се користи во зони на висок ризик како што се болниците, домовите за постари лица и трговски центри.

Би можел да се користи и за дијагностицирање на денга грозница.

Сличен тест се развива и во САД, а австралиските власти се надеваат дека нивниот ќе биде достапен кон крајот на 2020-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг