Русите за предизборната кампања во САД: Нема да коментираме, веднаш ќе го сфатат тоа како мешање во изборите...

Точка

30/09/2020

14:04

973

Големина на фонт

а а а

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков изјави дека нема да го коментира текот на предизборната кампања во Соединетите Американски Држави затоа што Русија веднаш ќе биде обвинета за мешање во изборите.

Не сакаме да го коментираме тоа. Не сакаме да даваме оцени, затоа што тоа веднаш ќе биде сфатено како некаков обид за мешање. Русија никогаш не се мешала, не се меша и нема да се меша во внатрешните работи на Соединетите Американски Држави“, одговори Песков на барањето на новинар за коментар во врска со дуелот помеѓу Доналд Трамп и Џо Бајден.

Песков додаде дека Кремљ ја следи „политичката култура“ во Соединетите Американски Држави за време на дебатата на кандидатите за претседател на државата.

„Ние, како и сите во светот, ја следиме предизборната кампања во Соединетите Американски Држави. Не можеме да останеме рамнодушни затоа што тоа е една од најголемите светски економии. Секако, ја следиме и политичката култура, предизборната култура во САД“, изјави Песков откако беше побарано да даде коментар за изјавата на Бајден кој Трамп го нарече „кученце на Путин“.


Првиот дуел помеѓу актуелниот американски претседател Доналд Трамп и кандидатот на Демократите, Џо Бајден беше одржан во Кливленд. Траеше 96 минути, а ја одбележа меѓусебното упаѓање во збор на кандидатите, обвинувањата и непристојното изразување.

Трамп и Бајден ќе имаат уште два дуели, а еден дуел ќе имаат и кандидатите за потпретседатели, Мајк Пенс и Камала Харис.

Претседателските избори во Соединетите Американски Држави ќе се одржат на 3-ти ноември.



Спонзорирани линкови

Маркетинг