Не е ни еден месец во клубот, а неговиот агент веќе упати „отровни стрели“ кон Манчестер Јунајтед: Ќе загубеа со 7:1…

Дерби

30/09/2020

12:17

1.363

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед тешко стигнува до засилувања во овој летен преоден рок и досега го ангажираа само Дони ван де Бек од редовите на Ајакс.

Младиот фудбалер на своето деби во клубот го постигна и првиот гол, но засега не добива голема минутажа од Оле Гунар Солскјер, играјќи од првата минута само на куп натпреварот против Лутон.

Ваквиот развој на настаните не му се допадна на Сјак Сварт кој е агент на младиот фудбалер, па се реши преку медиумите да упати и не толку благи зборови до Оле Гунар Солскјер и Манчестер Јунајтед.

– Резерва, јас не го сакам тоа. Јас не би сакал да играм само четири минути, подобро оставете ме на клупата за резервни фудбалери, -започна Сварт алудирајќи на последниот натпревар во кој ван де Бек доби само четири минути за настап.

– Мора да кажам дека и во тие четири минути против Брајтон сработи одлично. Пеналот по кој падна победничкиот гол дојде од него. Но, јасно е дека тие требаше да загубат со 7:1. Брајтон пет пати ја погоди рамката на голот… Тие се убав тим, но тоа не треба да се случува на Манчестер Јунајтед, -изјави Сварт.

Дони ван де Бек се очекува да биде во почетниот состав на денешниот натпревар повторно против Брајтон, но овој пат во рамките од Лига Купот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг