Моника Белучи денеска го слави 56-от роденден: Ова се нејзините „најжешки“ сцени во филмовите

Точка

30/09/2020

12:24

10.154

Големина на фонт

а а а

Италијанската актерка и секс-симбол Моника Белучи денеска го слави својот 56-ти роденден.

Веќе 30 години за неа зборуваат дека е најубавата жена на светот, а секоја нова фотографија докажува дека нејзе годините не ѝ можат ништо.

Таа кариерата ја започнала уште во текот на 80-те години како модел и манекенка, а наскоро следеле нејзини многубројни филмски улоги во италијанските, американските и француските филмови.

Улогата во филмот „Малена“ ѝ донела голема слава, а привлекла и големо внимание кај припадниците на посилниот пол.

Сцените од филмот се незаборавни, а само 20 години подоцна многу од нејзините помлади колешки, манекенки и инфуенсерки се обидуваат да ја копираат убавината на Моника на фотографиите на кои што таа шета по градот.

Таа во својата кариера не се срамела да го покаже голото тело во филмовите, а некои од сцените во кои што глумела едноставно се незаборавни.

На преубавата актерка не можеле да ѝ одолеат мажите ширум светот, а не можел ниту 18 години помладиот Николас со кој што е во врска од 2017-та година.

Пред врската со него, Моника имала два брака. Од долгогодишната врска со Винцет има две ќерки, а нејзината ќерка Дева веќе станува популарна поради нејзината неверојатна убавина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг