Јанкуловска со лисици на рацете од „Идризово“ донесена во Кривичен суд за ново рочиште

Точка

30/09/2020

11:12

4.194

Големина на фонт

а а а

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, со лисици на рацете била донесена во Кривичниот суд каде што денеска има рочиште за случајот „Таргет-тврдина“.

Инаку, на денешното рочиште треба да бидат сослушани околу 20-на сведоци, меѓу кои и Мери Јордановска Чанчаревиќ, Игор Ивановски, Гоце Трпковски, Зоре Темелковски, Владимир Пивоваров и други.


Јанкуловска е обвинета за случајот масовно прислушкување, а во затворот беше спроведена во понеделникот како осудена на четири години затворска казна за предметот „Тенк“ за незаконска набавка на владиниот „Мерцедес“ во вредност од 600.000 евра.

Инаку, денешниот судски процес го води судијата Џенета Бегтовиќ, додека пак како обвинителска тројка се Трајче Пеливанов, Ленче Ристовска и Артан Ајро.




Спонзорирани линкови

Маркетинг