Родителите на децата кои треба да следат онлајн настава: „Ниту имам компјутер, ниту лаптоп, а имам 5 деца кои одат на училиште“

Точка

30/09/2020

09:16

1.749

Големина на фонт

а а а

Родителите на децата кои што од 1-ви октомври треба да учат онлајн, не знаат како нивните деца би го извеле тоа, поради тоа што некои од нив немаат ниту интернет во своите домови.

Некои од луѓето не се во можност да набават уреди со помош на кои што децата би следеле настава електронски, а најчест проблем се финансиите.

„Јас сум родител на дете од 7 одделение. Син ми денес ќе проба со мобилен телефон, да види дали може да се вклучи. Не знам како ќе се одвива наставата. Селото е во „дупка“ и нема добра конекција. Исто е и со другите деца во селото, и тие немаат стабилен интернет“, вели Драги Насевски од селото Зркле во Општина Македонски Брод.

И во други делови од Македонија родителите имаат ист проблем, па така жители на селото Самоков кои што се сиромашни, родителите на децата не можат да купат уред за нив, а за тоа како ќе се одвива наставниот процес таму, тие се чудат.

„Ниту имам компјутер, ниту лап топ, не работам, а имам 5 деца кои одат на школо. Близнаците се 3 одделение и тие ќе посетуваат настава во школо, а 3 oд децата треба да учат онлјан. Сите сакаат физичка настава, но што е тука е, не можеме ништо да смениме“ -раскажува Јорданка Арсовска од Куманово.

Во Македонија, повеќе од 40.000 деца нема каде да ја следат наставата.

Родителите исто така имаат и многу нејасни прашања кога станува за ваквиот начин на учење:

- Дали надлежните сметаат дека треба да се остави дете од 6 години, дома само да седи, без никаков надзор, притоа тоа дете во закажан термин да вклучи компјутер, да се логира и да слуша настава?




Спонзорирани линкови

Маркетинг