Поради вакцина против Ковид-19, дури 500.000 ајкули можат да бидат убиени

Точка

29/09/2020

14:40

2.925

Големина на фонт

а а а

Експерти за диви животни тврдат дека половина милион ајкули можат да бидат убиени во обид да се пронајде вакцина против Ковид-19.

Сквален, природното масло во црниот дроб на ајкулите, се користи како лек и како помошно средство за зголемување на ефикасноста на вакцината.

Исто така се користи во пробните вакцини против коронавирусот.

Ако лекот кој содржи сквален биде ефикасен и почне негово пошироко производство, од организацијата „Shark Allies“ веруваат дека ќе мора да се убијат околу 250.000 ајкули за да се обезбеди една доза за секое лице.

Тој број се удвојува и станува застрашувачки ако на луѓето им се потребни две дози на вакцината, наместо една, за да бидат целосно вакцинирани против Ковид-19.


Стефани Бренди, една од основачите на организацијата „Shark Allies“, рекла дека собирањето на материи од диви животни никогаш нема да биде одржливо, ако се работи за 'предатор кој не се размножува во огромен број'.

„Не се обидуваме да го забавиме или нарушиме производството на вакцини. Со потребни милијарди дози годишно, во децениите кои доаѓаат, од исклучителна важност е да не се потпираме на ресурсите на дивиот свет“, напишала таа во објава на Фејсбук.

Групата покренала петиција на интернет во која апелира да не се користат ајкулите во вакцина против Ковид-19, туку да се најдат долгорочни решенија.