Милан посакува фудбалер на Манчестер Јунајтед кој е прецртан од Оле Гунар Солскјер

Дерби

29/09/2020

09:54

1.878

Големина на фонт

а а а

Од таборот на Милан ја разгледуваат опцијата да ангажираат еден од играчите кои не се во плановите на Оле Гунар Солскјер во Манчестер Јунајтед.

Станува збор за десниот бек Диого Дало кој воопшто не добива шанса кај Солскјер кој предност пред Дало му дава на Тимоти Фосу Менса и првиот избор на десната бековска позиција, Арон Ван Бисака.

Фабрицио Романо пишува дека од Милан веќе стапиле во контакт со Манчестер Јунајтед и го побарале Дало на позајмица со опција неговиот договор да го откупат по крајот на оваа сезона.

Сепак, Манчестер Јунајтед не сакал ваква опција туку перманентен трансфер на играчот кој беше донесен во клубот од Жозе Мурињо.

Како што стојат работите Солскјер до крајот на преодниот рок веројатно ќе се ослободи од дел од своите играчи кои не ги посакува во тимот, а интересно е што речиси сите се поврзуваат со трансфер во Серија А.

Рома притиска и веројатно ќе го обезбеди потписот на Крис Смолинг, Андреас Переира се договори со Милан, а се очекува финална разврска и за ситуацијата со Диого Дало.



Спонзорирани линкови

Маркетинг