Објавени нови снимки од борбите: Ерменците подготвиле „изненадување“, тенкови летаат во воздух...

Точка

29/09/2020

09:45

11.271

Големина на фонт

а а а

Министерството за одбрана на Ерменија објави видео снимки на кои може да се види како ерменската артилерија успешно уништува азербејџански тенкови.

Освен уништувањето на воената техника, на снимката е прикажан и момент на напад на група азербејџански војници. Може да се види како војниците започнуваат да бегаат секунда пред ударот, а потоа дел од нив паѓа на земја.

Во меѓувреме продолжуваат да се водат тешки борби на линијата на фронтот во Карабах, а портпаролката на министерството за одбрана на Ерменија, Шушан Степанјан порача дека азербејџанската армија продолжила со бомбардирање на населени места.

„Ерменските единици ги одбија нападите на азербејџанските вооружени сили, често преминувајќи од одбрана во офанзива. На непријателите им се нанесени тешки загуби. Конкретно, рано утринава на јужниот дел од фронтот е уништена колона на оклопни возила на вооружените сили на Азербејџан“, напиша Степанјан на „Фејсбук“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг