Заев на "Само интервју": Со Борисов разговаравме за економијата, за Гоце Делчев ќе одлучи мешовитата комисија

Точка

28/09/2020

20:16

2.135

Големина на фонт

а а а

Премиерот на Македонија, Зоран Заев, вечерва е гостин на емисијата "Само интервју" на Канал 5.

Заев одговара прашања на неколку теми, како карантинот поради коронавирусот, прашањето за Гоце Делчев, како и за критиките на опозицијата, кои ги нарекува неосновани. 

"Сакаме ова прашање да го реши Комисијата, како што најде добри решенија за Свети Кирил и Методиј, Свети Наум, Климент Охридски и цар Самоил, да го реши и ова во духот на таа заедничка историја, заради заедничко славење. Верувам дека ќе го најдат решението и за Гоце Делчев, наше е да ги охрабриме", рече Зоран Заев во интервјуто на „Само интервју".

Заев додаде и дека договорот меѓу Македонија и Бугарија треба да обединува, да прави мостови на пријателство и ниедна страна да не се обидува да присвојува нешто.

"Важно е дека во Договорот Бугарија зема обврска да не подржува во нашите европски и евроатлантски интеграции. И Бугарија, тоа го прави, не само фигуративно", вели премиерот.

Зоран Заев рекол дека во телефонскиот разговор со Борисов разговарал за Берлинскиот процес во Софија, самит на кој ќе се зборува за совладување на здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, но и за унапредување на економската соработка.

"Времето покажа, со Преспанскиот договор со Грција и Договорот со Бугарија дека политичарите кои носат храбри одлуки за својата земја, не значи дека губат избори, граѓаните знаат и да ги наградат", оцени Заев.

Меѓу темите за разговор се провлече и прашањето за воведување на нови рестриктивни мерки, како полицики час или затворање на угостителските објекти.

"Ако ме прашувате дали ќе има карантини, одговорот е „не“, нас не ни одговара да ја уништуваме економијата ниту пак социјалниот живот на граѓаните,но доколку Комисијата за заразни болести процени дека има потреба од воведување полициски час на нас останува само да прифатиме", вели премиерот.

"СЗО веќе одобри тестови од нови компании, кои се за 30, 40, 50 отсто поевтини од овие сега и резултатите се добиваат за 20 минути. Се надевам дека на тој начин ќе се зголеми капацитетот на јавните здравствени установи, а потоа тоа ќе се одрази на приватните, бидејќи никој нема да плаќа поскапо ако има ваква можност“, рече Заев на "Само интервју".

Заев се закани и дека ако финансиската поддршка не дојде до работниците, компаниите ќе добијат кривични казни.

"Апелирам да на се повторат пропустите од претходниот период и работодавачите да ги почитуваат мерките и целта која сакаме да ја постигнеме. Освен тоа го стимулирамe и враќањето на отпуштените работници и ако некоја компанија го направи тоа, ќе се стекне со правото да аплицира за оваа мерка, и јас ги повикувам да го направат тоа", истакна премиерот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг