Русија ја испрати првата серија од вакцината во Белорусија

Макфакс

28/09/2020

15:20

1.011

Големина на фонт

а а а

Русија ја испрати првата серија од својата вакцина Спутник В Ковид-19 во Белорусија на клинички испитувања. Се работи за прва испорака на вакцината во странство, соопшти рускиот Фонд за директни вложувања.

Волонтери во Белорусија ќе почнат да ја примаат руската вакцина од 1 октомври, соопшти фондот.

На 11 август Русија стана првата земја што регистрира вакцина против вирусот. Вакцината наречена „Спутник V“ е изработена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.