Корона шок во европска држава: Помислиле дека сè е готово и наеднаш им се случил пекол

Точка

28/09/2020

14:53

1.820

Големина на фонт

а а а

Стапката на инфекција на 100.000 луѓе скокнала од 7,3 на 89,7 за само десет дена.

Наглиот скок на бројот на заразени во оддалечената островска држава Исланд ги загрижил тамошните епидемиолози, па веднаш почнале да применуваат мерки за затворање на кафулиња и клубови на четири дена. 

Стапката на инфекција на 100.000 луѓе скокнала од 7,3 на 89,7 за само десет дена. Тие бројки се минорни за многу светски земји. Исланд сега има 44 нови случаи дневно и е без смртни случаи од април, а враќањето на инфекцијата ги загрижило тамошните власти, па во карантин ставиле повеќе од 2.000 луѓе во Рејкјавик.

Повеќето нови случаи на зараза се поврзани со двајца француски туристи кои ги прекршиле правилата за самоизолација по доаѓањето на Исланд. Две кафулиња биле идентификувани како нови жаришта, а нови случаи биле откриени и во два универзитети во градот.

"Овој француски вирус, како што би можеле да го наречеме, ни зададе големи проблеми. Имам информации дека било тешко да се натераат француските туристи да се придржуваат до мерките", изјавил главниот епидемиолог Торфолфур Гуднасон.

Исландската влада минатата недела наредила затворање на кафулињата и дискотеките.

Само 10 луѓе на Исланд умреле од коронавирусот од почетокот на епидемијата, што е помалку дури и од Нов Зеланд, каде починале 25 луѓе, а само 2.512 биле позитивни.




Спонзорирани линкови

Маркетинг