Бајден ја заостри реториката: Го спореди Трамп со Гебелс и порача дека не е доволно паметен

Точка

28/09/2020

09:10

911

Големина на фонт

а а а

Во пресрет на првата директна дебата, кандидатот на Демократите, Џо Бајден го спореди американскиот претседател Доналд Трамп со нацистичкиот министер за пропаганда Јозеф Гебелс.

Утре ќе се одржи првото соочување помеѓу Џо Бајден и Доналд Трамп, а на дебатата се очекуваат жестоки напади, кои практично веќе започнаа и траат неколку месеци. Бајден најави бурна дебата со вчерашното интервју за "MSNBC" во кое директно го спореди Трамп со нацистичкиот министер за пропаганда, Јозеф Гебелс.

„Трамп е како Гебелс. Ги повторува лагите толку долго додека луѓето не помислат дека тоа е вистина. Подготвен сум за неговите напади за време на дебатата, тоа е единственото што го знае“, изјави Бајден.


„Тој не знае да ја води дебатата со факти, едноставно не е доволно паметен. Не знае многу за надворешната политика, не знае многу за домашната политика. Тој ќе се фокусира на напади и лаги, но мислам дека американскиот народ веќе добро го знае“, изјави поранешниот американски потпретседател, Џо Бајден.

Дебатата помеѓу Бајден и Трамп е закажана за утре, а ќе има тројца модератори: Крис Волис (Fox News), Стив Скали (C-SPAN) и Кристен Велкер (NBC News).



Спонзорирани линкови

Маркетинг