Турски новинари едвај извлекоа жива глава: Снимаа репортажа, а потоа бегаа од ерменските проектили

Точка

28/09/2020

08:45

3.186

Големина на фонт

а а а

Репортерите на турската новинска агенција „Анадолија“ се најдоа во близина на ударот на ерменските проектили додека снимаа кадри во азербејџанското село Капанли.

Покрај екипата на „Анадолија“, на тоа место работеле и новинарите на турската радиотелевизија „ТРТ“, а непосредно пред нападот, новинарите воочиле два ерменски дронови како ги надлетуваат.

Набрзо потоа следувало гранатирање на местото во близина на новинарските екипи. Репортерите се сокрија зад возилата, за среќа никој не беше повреден, но мораа веднаш да побегнат од местото.

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека Ерменија од вчера наутро започнала со интензивно гранатирање на позициите на азербејџанската војска и населби, поради што вооружените сили на земјата се одлучиле за контраофанзива.



Спонзорирани линкови

Маркетинг