Во Нагорно-Карабах прогласена воена состојба

Макфакс

27/09/2020

11:35

1.273

Големина на фонт

а а а

Властите во регионот Нагорно-Карабах воведоа воено законодавство поради ескалацијата на конфликтот со Азербејџан, пренесува агенцијата „Тасс“.

Ерменските медиуми објавија дека претседателот на непризнатата република Нагорно-Карабах, Арајик Арутјунјан, објавил дека е воведено воено законодавство.

„Почнавме да ги мобилизираме сите граѓани на возраст над 18 години. Во земјата е прогласена воена состојба“, соопштил тој.

Би-би-си, претходно јави дека Ерменија и Азербејџан започнале судири околу регионот Нагорно-Карабах.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан изјави дека Азербејџан извршил воздушен и артилериски напад, но ерменските сили возвратиле со уривање на два хеликоптера и три дрона.

Азербејџан, пак, соопшти дека Ерменија започнала огромна акција за гранатирање долж линијата на фронтот.

И Ерменија и Азербејџан беа дел од Советскиот сојуз пред тој да се распадне во 1991 година. Тие веќе четири децении се во конфликт околу регионот Нагорно-Карабах, кој е меѓународно признат како дел од Азербејџан, но е под контрола на Ерменците.

Долготрајниот конфликт повторно се разгоре во последните месеци, а во борбите на границата само во јули загинаа 16 лица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг