Османи во Брисел со високи претставници на ЕУ ќе разговара за европското досие на Северна Македонија

Макфакс

27/09/2020

11:24

299

Големина на фонт

а а а

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи, од утре е во дводневна работна посета на Брисел, каде ќе се сретне со високи претставници на Европските институции.

Како што информираат од ресорното министерство, во рамките на посетата Османи ќе оствари средба со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борељ, како и со потпретседателката на Европската комисија задолжена за демократија и демографија, Дубравка Шуица.

Во рамките на посетата, Османи ќе оствари средба и со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеи, а предвидени се средби и со високи официјални претставници на Европскиот парламент и европарламентарци, меѓу кои потпретседателката на Европскиот парламент, Клара Добрев, копретседавачот со Заедничкиот парламентарен комитет помеѓу ЕУ и МК, Андреас Шидер, известителот за Северна Македонија Илхан Кјучук, како и други влијателни европратеници.

Агендата на министерот Османи предвидува и средба со Мирослав Лајчак, посебен претставник на ЕУ за Западниот Балкан и дијалогот Белград – Приштина.

Како што информираат од ресорното министерство, клучна точка на разговорите ќе биде европското досие на Северна Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг