Русија тестира две вакцини додека коронавирусот продолжува да се шири: Бројот на заразени најголем од 22-ри јуни...

Точка

26/09/2020

13:20

1.320

Големина на фонт

а а а

Руските власти потврдија 7,523 новозаразени со коронавирус во последните 24 часа, што е најголем број на заразени од 22-ри јуни.

Со најновата бројка на заразени, вкупниот број во оваа земја надмина 1,14 милиони, односно според податоците на руските власти, во земјата досега со коронавирус се заразиле вкупно 1,143,571 лица.

Само во текот на последните 24 часа како последица на коронавирусот починаа 169 лица, со што бројката на починати во земјата се искачи на 20,225. Во изминатото деноноќие регистрирани се 6,004 оздравени, а вкупната бројка на пациенти кои оздравеле се искачи на 940,150.


Додека коронавирусот несопирливо се шири низ земјата, руските власти тестираат дури две вакцини. Москва тврди дека веќе е произведена една вакцина, а во меѓувреме започнало тестирањето на уште една.

Во август беше регистрирана првата вакцина против коронавирус на светот – „Спутник Пет“ која ја разви центарот „Гамалеј“ заедно со рускиот фонд за директни инвестиции, а пред неколку дена започна тестирањето на втората која ја произведе Државниот научен центар за вирологија и биотехнологија „Вектор“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг