Загина српски пилот откако при воена вежба се урна авион „миг-21“

Макфакс

25/09/2020

16:07

242

Големина на фонт

а а а

Загинал пилотот кој управувал со авионот на српската војска „миг-21“, кој денеска при воена вежба се урна на границата со БиХ, соопштија српските медиуми.

Ова било потврдено за агенцијата „Танјуг“ од страна на неговото семејство.

Загинатиот пилот бил на возраст од 43 години, а според членовите на семејството, починал кратко откако го надлетал своето село Доња Борина и семејната куќа.

Судбината на копилотот сè уште не е позната во јавноста.

Жителка на областа каде што се урнал авионот изјавила дека била дома кога слушнала силен звук, поради што ја напуштила куќата и го видела авионот како лета многу ниско.

„Нешто одекна, излегов од куќата, авионот леташе толку ниско што за малку ќе ги потфатеше куќите и шумата“, објаснила таа.

Истакнала дека пилотот се борел за да не ги зафати куќите.

„Пилотот се бореше… Подоцна дознав дека е наш човек од Борина, кого го познавав“, рекла таа.

Според некои медиуми, едниот од пилотите се катапултирал и по него се трага.

Сепак, други медиуми јавуваат дека ниту еден пилот не се катапултирал, додека обвинителот за „Новости“ изјавил дека најверојатно и двајцата пилоти загинале.



Спонзорирани линкови

Маркетинг