Нов дневен рекорд на заразени во Словенија

Макфакс

25/09/2020

16:00

237

Големина на фонт

а а а

Во Словенија, во последните 24 часа се потврдени 192 нови инфекции со коронавирус на 3.645 направени тестови, а нема нови смртни случаи, објави словенечката влада.

Станува збор за најголемата дневна бројка на нови инфекции од почетокот на епидемијата, во вториот бран на вирусот во земјата, во кој во последниве две недели дневниот број на новозаразени се движеше околу сто или помалку. Досега, најголем број на новозаразени имаше минатиот четврток, кога беа потврдени 137 случаи на инфекција.

Бројот на потврдени случаи од почетокот на епидемијата во Словенија се зголеми на 5.007, во моментов се активни 1.509 случаи, а во болниците има 59 пациенти кои се лечат од Ковид-19, од кои 15 се на интензивна нега, соопшти Министерството за здравство.

Досега починале 145 лица како резултат на компликации со Ковид-19.



Спонзорирани линкови

Маркетинг