Постои претпоставка дека рускиот рулет се појавил во Царската армија како релативно безопасен трик кој лесно можел да ги импресионира присутните.
Луѓе и денес гинат во играта за чие потекло речиси ништо не се знае, како што не се знае ни во која мера ова коцкање со животот е распространето ширум светот.
Едно сигурно се знае: рускиот рулет е многу популарна тема на писателите и продуцентите ширум светот. Таа е присутна во многу книжевни дела и филмски остварувања.
Популарно е мислењето дека помалку познатиот американски писател на авантуристички приказни, Џорџ Артур Сурдез прв го вовел терминот "руски рулет", кога во 1937-ма година ја објавил истоимената приказна во списанието "Collier’s".
Француски војник кажал дека со свои очи видел руски офицери кои по Болшевичката револуција во 1917-та година немале што да изгубат и затоа играле руски рулет насекаде и секогаш - дома, во кафулиња, на гости...
Интересно е дека ниеден руски писател пред 1917-та година не го споменува рускиот рулет во своите романи или биографии. Лјермонтов во "Јунакот на нашето време" опишал ситуација во која наместо револвер се користи пиштол на барут, и прашањето е само дали пиштолот бил наполнет и дали барутот во него е сув или влажен.
Многумина сметаат дека Сурдез ја измислил приказната за руските офицери и рускиот рулет, бидејќи во тоа време во Руската империја најчесто користен бил револверот "Наган" М1895, а во приказната се опишува пиштол со шест куршуми.
Постојат и други претпоставки поврзани со потеклото на оваа смртоносна игра. Едни веруваат дека рускиот рулет се појавил како своевидно вршење на притисок на полицијата на осомничениот, други дека затворските чувари ги принудувале затворениците да играат руски рулет и се обложувале во еден или во друг затвореник, а трети тврдат дека играта се појавила во Царската армија како релативно безопасен трик кој лесно можел да ги импресионира присутните.
Ако во бурето на пиштолот има само еден куршум, тогаш веројатноста за смртен резултат се зголемува со секој нов обид доколку бурето не се заврти по секое пукање.
Во тој случај кај пиштолот со шест куршуми веројатноста кај првиот обид е 1:6, односно 16,6 проценти. Веројатноста во вториот обид е 20, третиот 25, четвртиот 33,3, петиот 50 проценти, додека шестиот обид е 100 проценти смртоносен.
Покрај тоа, ако во рускиот рулет учествуваат двајца, тогаш извесна предност има оној кој е втор на потег, бидејќи може да се случи пиштолот да пукне во првиот обид. Ако првиот пат не испука, тогаш вториот учесник има многу помали шанси од првиот.
Ако цилиндерот се заврти, тогаш сите учесници имаат еднакви шанси во секој обид. Во спротивно најмногу шанси да преживее има оној кој прв пука.
Можеби оваа теорија на рускиот рулет звучи страшно, но ние зборуваме за тоа исклучиво како историски феномен. Никогаш не треба да се игра со животот, без разлика на законот на веројатноста.
Денес во светот постојат многу модификации на рускиот рулет. На пример, жителите на рускиот град Перм направиле несмртоносни електрични пиштоли за игра која личи на класичен руски рулет.
Познати се и смртоносни случаи. Во Камбоџа во 1999-та година три лица загинале играјќи ја верзијата на руски рулет во која учесникот наместо да пука од пиштол, има задача да згази на противтенковска мина.
Шокантен е фактот дека луѓето и денес уште ја играат оригиналната верзија на рускиот рулет. на пример, во едно медицински истражување се испитани 15 смртни случаи од руски рулет во САД само во 2008-ма година ,и тоа е споредено со 75 случаи на самоубиства кои не се поврзани со оваа игра за сопствениот живот. Резултатите покажуваат дека жртви на руски рулет се во главно Афроамериканци, додека белите Американци во главно вршат други видови на самоубиства. Според споменатото истражување, типичен портрет на учесник во руски рулет во САД е млад, неженет, црн маж.
Медицинско истражување од 1987-ма година покажало дека луѓето кои играат руски рулет во споредба со жртвите од други видови на самоубиства се помалку склони на депресија, но значително повеќе склони кон употреба на наркотици и алкохол.
Страшно е и да се помисли дека бројот на жртви од руски рулет е толку голем, што на негова основа може да се вршат медицински истражувања.















