Видео интервју со Ај Кју: Не освоија награда на Макфест, но дефинитивно си заминаа со статуетка за најшармантно дуо

Точка

21/09/2020

23:41

2.641

Големина на фонт

а а а

После 5-годишната пауза од фестивали, (откако победија со 'Убава' на Скопски фестивал), оваа година на Макфест можевме да ги слушнеме и Бојан Трајковски и Марија Ивановска од Ај Кју.

Бојан и Марија беа 20-ти по ред и ја изведоа песната „Ти си ми сон“, која е авторско дело на Трајковски.

Иако не се закитија со некоја награда, дали поради големата конкуренција или нешто друго е во прашање - останува дилема, ова неверојатно и добро познато дуо на нашата сцена беше во одлично расположение, за што може и сами да се уверите во видеото.

Низ смеа нѝ раскажаа дека буквално ништо не може да им го расипе расположението, а нам нѝ останува само да заклучиме дека песната ќе биде уште еден огромен хит на Ај Кју.

На дел од изведувачите со кои поразговаравме им поставивме трик прашање - колку се задоволни од тоа како ја испеале песната, со оглед дека оваа година сите настапи беа на плејбек.

„Досега не сме пееле на плејбек, навикнати сме да пееме во живо, но, еве, сега научивме дека можело и вака“, вели Марија.

Најголем впечаток оставија со нивниот светски изглед - Марија носеше неверојатна сина креација која ѝ ги истакнува облините, додека Бојан беше облечен во истите нијанси како неговата девојка. 


Новинар: Цеце Николова
Видео: Ненад Смиљковиќ



Спонзорирани линкови

Маркетинг