Белоруските власти бесни поради резолуцијата на ОН: На санкциите ќе одговориме адекватно

Точка

19/09/2020

18:04

3.791

Големина на фонт

а а а

Министерството за надворешни работи на Белорусија ја опиша како „опасен преседан“ резолуцијата на Советот за човекови права при Обединетите нации, во која се бара од ОН да се надгледуваат кршењата на човековите права во Белорусија.

Од министерството за надворешни работи на Белорусија го обвинија Советот дека се меша во внатрешните работи на земјата. За време на обраќањето пред новинарите, шефот на белоруската дипломатија Владимир Макеј ја нарече резолуцијата „апсолутна измислица“.

По повод можноста Европската унија да воведе санкции против неговата земја, Макеј изјави: „Секако, ќе бидеме принудени да одговориме адекватно“.


Како што наведе белорускиот министер, тоа ќе подразбира лични санкции против претставници на различни структури во ЕУ, како и санкции против претставници на различни држави членки на Европската унија.

Инаку, Советот за човекови права при Обединетите нации денес после жестоката дебата во Женева усвои резолуција во која се бара побрза и поголема контрола над кршењата на човековите права во Белорусија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг