Јанкулоска: Ако некој ме бара, јас сум дома

Макфакс

19/09/2020

11:39

2.694

Големина на фонт

а а а

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, објави статус на „Фејсбук“ со кој ги негира информациите дека таа избегала откако Врховниот суд вчера ѝ ја потврди четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“.

„Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството“, напиша Јанкулоска.

Врховниот суд, по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна на Јанкулоска. Исто така, Врховниот суд ги потврди и пресудите за експремиерот Никола Груевски и помошникот во МВР, Ѓоко Поповски.


Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме...

Posted by Гордана Јанкулоска / Gordana Jankuloska on Saturday, 19 September 2020



Спонзорирани линкови

Маркетинг