Бизарен тренд се шири на ТикТок, стоматолозите предупредуваат: „Не ги израмнувајте забите со турпија за нокти“

Точка

18/09/2020

10:20

8.962

Големина на фонт

а а а

На ТикТок владее нов бизарен тренд - тинејџери ги израмнуваат забите со турпија за нокти, го снимаат процесот и го објавуваат на споменатата социјална мрежа.

Бројот на вакви видеа е веќе загрижувачки голем, а стоматолозите предупредуваат колку е тоа штетно и глупаво. 

„Со тоа правите непоправлива штета и ги уништувате забите“, изјавил за „Insider“, д-р Чед Еванс. Ваквиот тренд Еванс го дознал од колегите на работа и потполно се шокирал.

Она што го прават тинејџерите со турпија за нокти е слично на постапката која ја прават козметичките стоматолози кога израмнуваат оштетен заб, но е многу поопасно бидејќи со обична турпија може да се оштети забната глеѓ и со тоа забите да станат чувствителни или потполно уништени, предупредува стоматологот.

Експертите предупредуваат дека дури и професионалното израмнување на заби е многу опасно и со тоа се скратува нивниот животен век, а аматерското израмнување може да биде погубно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг