Кина тестира 11 вакцини против коронавирус: Епидемијата и натаму се шири низ светот...

Точка

18/09/2020

17:38

1.358

Големина на фонт

а а а

Кинеските власти оценуваат дека на есен и зима може да дојде до ново зголемување на случаите.

Кинескиот министер за наука и технологија, Ванг Жиџанг изјави дека во земјата се спроведуваат клинички тестирања на дури 11 вакцини против коронавирусот и додаде дека вакцините веќе се во третата фаза од тестирањето.

Тој на здравствениот Форум во Пекинг оцени дека епидемијата и натаму се шири низ светот и дека не е целосно ставена под контрола, како и на есен и на зима може да дојде до ново зголемување на случаите.


Тој додаде дека Кина навремено ѝ ги доставила информациите за коронавирусот на Светската здравствена организација.

Според кинескиот министер, информациите кои кинеските власти ги споделиле со Светската здравствена организација, на истражувачите им дале важна основа за спроведување на медицински студии и развој на фармацевтски производи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг