Облачно со засилен ветер и температура до 31 степен

Макфакс

18/09/2020

08:55

757

Големина на фонт

а а а

Времето ќе биде променливо облачно со засилен северен ветер, кој особено ќе биде изразен во западните и северните делови. Во јужните подрачја ќе има услови за повремен локален дожд. Утринската температура ќе се движи од 9 до 18, а дневната од 26 до 31 степен.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 29 степени. 

Зголемена облачност ќе има и в сабота, а потоа следува период на посончево време со пониски утрински температури.



Спонзорирани линкови

Маркетинг