Трката по вакцина против коронавирус довела до 'недостиг' на мајмуни

Точка

17/09/2020

18:58

1.343

Големина на фонт

а а а

Со оглед на тоа дека моментално се во игра повеќе од 100 можни вакцини, побарувачката за мајмуни ја надминала понудата.

Глобалната трка по вакцина против коронавирус, која би требало да помогне за да стивне пандемијата, довела до 'недостиг' на мајмуни.

Како што пренесуваат американските медиуми, пред потенцијалните вакцини да почнат да ги испитуваат на луѓе, во претклиничките истражувања се истражува сигурноста и делотворноста на вакцините на мајмуни.


„Имаме недостиг на мајмуни. Секогаш сме биле во состојба во која нашата продукција едвај ги задоволувала потрбите за мајмуни кои се користат во истражувања, но кога се појави пандемијата на коронавирусот, тоа нè турна уште подолу“, рекол д-р Скип Бом, помошник директор задолжен за ветеринарна медицина во Националниот центар за истражувања во Њу Орлеанс.




Спонзорирани линкови

Маркетинг