Сончево време, попладне локален дожд

Макфакс

17/09/2020

08:30

913

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во југозападните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 27 до 32 степена.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, попладне со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 30 степени.

Утре ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен северен ветер, а во јужните делови ќе има услови за крткотраен локален дожд. Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.



Спонзорирани линкови

Маркетинг