Лукашенко забранил црвено-бело знаме, но Белорусите му одговориле со долна облека

Точка

16/09/2020

20:09

2.520

Големина на фонт

а а а

Бело-црвено-белото знаме, претставено во 1918-та година, кое кратко повторно се употребувало и во 90-тите години, сега е симбол на демонстрациите против белорускиот режим и го усвоиле опозиционерите како знаме на нивното движење.

Во необичниот акт на спротивставување кон претседателот Александар Лукашенко, Белорусите на своите тераси поставиле разни предмети во боите на претсоветското знаме. 

Бело-црвено-белото знаме претставено во 1918-та година, кое кратко повторно се употребувало во 90-тите години, сега е симбол на демонстрациите против белорускиот режим и го усвоиле опозиционерите како знаме на нивното движење.

Токму ова знаме можело да се види во текот на протестите во август, по претседателските избори, на кои, според официјалните податоци, убедливо победата ја однел Александар Лукашенко, но опозицијата тврди дека резултатите се лажирани.

Официјалното знаме на Белорусија има зелено-црвено боја, а администрацијата на Лукашенко забранила користење на другото, што довело до ситни акции на бунт кај белорускиот народ.

Така жителите на Белорусија на своите тераси пружаат брусхалтери, гаќи и маички во црвено-бела боја. Кај некои во тие бои се завесите, на некои прозорци има црвено-бели цвеќиња, а на протестите има жени кои ги носат овие бои.




Спонзорирани линкови

Маркетинг